20 Декември, 2025
0.0636

(ФOTO) СВЕЌИ И РОЗИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ: Романија жали за загинатите во дискотеката!

Објавено во: Балкан 01 Ноември, 2015 10:24

Добивај вести на Viber

Од денес Романија е во тридневна жалост поради фаталниот инцидент во кој загинаа 27 лица. Во текот на денот вчера десетици отидоа до местото на трагедијата, за да остават цвеќе и запалена свеќа, вклучувајќи го романскиот претседател Клаус Јоханис.

romanija3

27 лица загинаа, а околу 200 се во болница откако пожар зафати дискотека во Букурешт. Огнот избувнал малку по полноќ за време на концерт на групата "Goodbye to Gravity".

Се смета дека пожарот е предизвикан од пиротехнички средствакои биле запалени во просторот, иако групата немала официјална дозвола за тоа. Сцената се запалила за секунди и пламените стигнале до таванот. Дрвената конструкција се урнала врз луѓето кои се задушувале од густиот чад.

romanija2

Во дискотеката имало околу 400 лица. Локалот се наоѓа во подрумот на стара фабрика за чевли со два тесни излези. Во паниката започнале турканиците, при што многумина се повредени, а многу ги загубија своите животи на пат за излезот.

Ова е една од најстрашните трагедии, кои ја зафатија Романија во последните децении.

romanija4

Илјадници Романци продолжуваат да се собираат во центрите за крводарување, за да им помогнат на повредените.

Сеуште тече проверка на документацијата на локалот - дали клубот имал дозвола да функционира како ноќна установа и дали имал дозвола од полицијата. Во Романија упатребата на огномет е забранета во затворени простори.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација