(ФОТО) УШТЕ ЕДНА НЕПРОСПИЕНА НОЌ НА КОС: Еве како поминаа туристите
Објавено во: Балкан 22 Јули, 2017
Стотина туристи и жители на источниот грчки остров Кос ноќта ја поминаа во паркови и во автомобили, откако вчера при силен земјотрес во Егејското море загинаа двајца, а се повредени 500 луѓе.
Најмалку две лица од повредените кои беа префрлени на Крит се во критична состојба.
Земјотресот беше од 6.7 степени. Од бар се урна ѕид при што загинаа Турчин и Швеѓанин.