19 Мај, 2024
0.0254

(ФОТО-ВИДЕО) БЕЛГРАД НА НОЗЕ: Шести ден протести ја тресат Србија

Објавено во: Балкан 08 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Повеќе од 10 000 граѓани протестираат во близина на зградата на српскиот парламент против изборот на премиерот Александар Вучиќ за шеф на државата, пренесуваат медиумите од соседна Србија.

Ова е шести по ред ден на незадоволство на улиците откако политичарот ги освои претседателските избори уште во првиот круг минатата недела. 

За него гласале речиси 55% од гласачите. 

Луѓето прво се собраа во центарот на Белград, приклучувајќи им се на полицајци и војници, кои протестираа поради ниските плати и лошите услови за работа во секторот. 


Србите извикуваа „Вучиќ е крадец“, а потоа се упатија кон главната полициска станица. 

Составен од претежно млади луѓе протестниот марш го обвини Вучиќ за фалсификување на изборите, заплашување, поткуп и контрола врз медиумите за време на изборната кампања. 

Граѓаните побараа промена на Државната изборна комисија, уредниците на националните телевизии и претседателот на парламентот. 

Новоизбраниот претседател не изгледа загрижен од демонстрациите и изјавил: „Јас сум им благодарен на граѓаните за силната поддршка што ме охрабрува само да работам повеќе. Видно е дека протестите се мирни и демократски и сè ќе биде во ред“.

Владини функционери тврдат дека демонстрациите се организирани од опозициските лидери, кои пак го негираат тоа.

Демонстрантите носат и плакати со натписи: „Долу диктатурата“, „Нема да бидеме евтина работна сила“, „Доста терор од страна на власта“ .

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел