18 Мај, 2024
0.0278

ФОТО+ВИДЕО: Поплави од библиски размери – вонредна состојба во Солун и Пелопонез

Објавено во: Балкан 08 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Во Солун и Пелопонез во Грција е прогласена вонредна состојба поради поплавите.

flooding_kalamata_cars-thumb-large

На состанокот во градот Каламата, на кој присуствуваше владина делегација, одлучено е да се преземат вонредни мерки. Два дена имаше обилни дождови во земјата, при што во поплавите се удавија четири лица, а едно се смета за исчезнато. Според противпожарната служба, сите четири жртви биле од јужен Пелопонез и сите биле постари граѓани. Се работи за 80-годишна жена која живеела сама во стан во Каламата, 62-годишна жена со проблеми со движење во селото Пидима, 90-годишен маж во селото Туриа,  и уште еден постар човек, чија возраст не се открива, а чие тело беше пронајдено на околу 150 метри од неговиот дом во руралниот дел од Лаконија.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/pTwUgr0cZMQ[/embed]

Властите се плашат дека бројот  на жртви може да се зголеми, особено во селата чии жители се претежно стари лица.

Спасувачките тимови успеаа да извлечат 24 лица во Солун, 29 се спасени во Лаконија и 21 во Месинија.  

3

Поплавите предизвикаа голема штета на стотици домови, бизниси, фарми, патишта, мостови и добиток.

Иако нема официјални проценки на штетите, градоначалникот Каламата, Панајотис Никас изјави дека најмалку 38 домови и пет училишта се оштетени во градот.

Се коментира дека оваа поплава беше со библиски размери.

ff

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа