(ФОТО-ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС НА ПОПУЛАРЕН ТУРИСТИЧКИ ОСТРОВ ВО ИТАЛИЈА: Има мртви и повредени!
Објавено во: Свет 22 Август, 2017
Во земјотресот кој го погоди италијанскиот туристички остров Искија загинале две лица, а спасувачи се обидуваат да извлечат две деца од урнатините.
Една жена загинала во местото Казамикола во северниот дел на островот кога ја погодиле парчиња кои паѓале од црква, а друга кога се урнала зграда, пренесе АФП.
Земјотресот бил со јачина од 4 степени по Рихтер, на длабочина од 10 километри, а е регистриран вчера нешто пред 21 часот, во време кога многумина вечерале, а недолго потоа се случиле 14 мали потреси.
Околу 4 часот утрото од урнатините на една зграда спасувачите извлекле седум месечно бебе, додека уште се обидуваат да извлечат две момчиња, на возраст од 4 и 7 години, кои се живи но заглавени во урнатините и со кои контактираат телефонски.
Една болница на островот исто така е погодена од земјотресот и делумно е евакуирана, а пет пациенти со хеликоптер се префрлени во други болници во Италија.
Во земјотресот се повредени 40 лица, а девет се водат како исчезнати.
Евакуиран е и еден хотел , а во потрага по исчезнати учествуваат специјални полициски тимови со кучиња трагачи.
По земјотресите луѓето истрчале на улиците, а поголем дел од земјотресот останале без струја која во меѓувреме стигнала.
Искија е популарно летувалиште, познато по термалните води.
Казамикол во 1883 година го погодил земјотрес во кој загинале повеќе од 2000 луѓе.