Добивај вести на Viber
Градот Скопје пред предвидениот рок ја заврши реконструкцијата на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуското стојалиште наспроти „Рекорд“, со што сообраќајот на овој потег од денеска се одвива без ограничувања.
Крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуското стојалиште наспроти „Рекорд“, се реконструираше во должина од 200 метри, пред и по автобуската станица. Оштетениот и вдлабнат асфалт беше изгребан, на делови каде што коловозот беше многу оштетен се санираше и потповршинскиот слој и се нанесе нов асфалт.
Во текот на реконструкцијата на сообраќајната лента кај „Рекорд“ беа нивелирани и постојните шахти и сливници. Градот Скопје за овој градежен зафат одвои околу 4 милиони денари, информираат градските служби.