ФОТОГРАФИЈА НА ДЕНОТ ЗА ГАРДИЈАН: Скопје во смог
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2017
Фотографија на која се гледаат две згради во Скопје во смог, на Роберт Атанасовски Гардијан ја прогласи за фотографија на денот.
Гардијан ги објавува топ фотографиите од светот кои го одбележале денот.
Македонија и Скопје се споменати во овој угледен медиум, но во негативна конотација поради загадувањето кое деновиве урива рекорди, а Скопје дури беше прогласено и за еден од најзагадените градови во светот.