19 Мај, 2024
0.0246

(ФОТО+ВИДЕО) ХРВАТ КОЈ ЖИВЕЕ ВО КИНА: Има паника, улиците се празни, на интернет се појавуваат секакви видеа

Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Фрањо Тушек од Хрватска кој живее во градот Хаикоу во провинцијата Хаинан, во Кина, вели дека улиците се празни, постои страв и паника поради појавата и ширењето на коронавирусот.

За себе лично,  раскажува дека деновиве имал висока температура, поради што малку се исплашил, но потоа се покажало дека се работи за настинка. Ова момче смета дека ако се земе в предвид колкав е бројот на жители, а колкав е бројот на луѓе кои се инфицирани, шансите некој да се зарази се мали. Смета дека кај младите и здрави луѓе има помал ризик да се заразат и да имаат фатални последици. 

„Улиците се релативно празни, не работат интернет кафулињата. Паника има, иако не е претерана, но постои. На социјалните мрежи се шират секакви видеа, кои имаат неточни и непроверени  информации, и тоа создава паника. Во мојот град, каде сега живеам има 2 милиони луѓе, а заразени се 9. Едноставна математика, многу се мали шансите“, раскажува Тушек.

Додава дека коронавирусот е фатален претежно за луѓето кои веќе имаат здравствени проблеми.

„Сега е кинеска Нова година, нема многу луѓе по улиците, сите носат маски. Но, секако на улиците има помалку луѓе од вообичаено. Приватните бизниси се затворени, тоа е поради Новата година, но и поради вирусот“, додава тој.

Posted by Sanja Atanasovska on Четврток, 30 јануари 2020

Кинеската комисија за надзор соопшти дека најостро ќе ги казни сите државни службеници и функционери кои на своите работни места нема да ги почитуваат мерките пропишани во борбата против коронавирусот.

Националната здравствена комисија на Кина вчера објави дека вкупниот број на смртни случаи од корона-вирусот, заклучно со вчерашниот ден, е 170, бројот на заразени се зголемил за повеќе од 1.700 случаи додека како сомнителни се водат 12.167 лица.

Повеќе земји ги прекинаа сообраќајните врски до Кина, поради вирусот.

Во хрватскиот град Шибеник, туристи од Тајван носеа натпис со кој порачаа дека не се од Кина.

Во Скопје човек снимаше луѓе со мобилен телефон и ги навредуваше, мислејќи дека си Кинези, по што потоа беше откриено дека станува збор за луѓе од Јужна Кореја, кои во земјава држеле работилници.

Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба на глобално ниво поради коронавирусот.

Вирусот сега се прошири на сите региони во Кина.  Но, вчера стигна и вест дека дел од заболените се излечени од опасниот вирус. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел