(ФОТО+ВИДЕО) Италијанците го слават Божиќ во поплавената Венеција
Објавено во: Свет 24 Декември, 2019
Италијанската туристичка атракција Венеција повторно е под вода.
Плимата е 139 сантиметри, а половина град е под вода.
Нивото од 100 до 120 сантиметри над нивото на морето често се појавува во градот, но секоја вода преку таа граница е ризик за градот.
Штетата на црквата „Свети Марко“ во Венеција е проценета на пет милиони евра.
Дел од туристичките резервации се откажани.
Водата во центарот на градот вчера беше 144 сантиметри над нормалното ниво на морето.
Во ноември градот се соочи со поплава, при што имаше големи штети.
УНЕСКО ја опомена Венеција за статусот кој градот го има.
Водата уништи куќи, споменици и продавници.