ФОТО+ВИДЕО: Напад на Универзитетот во Охајо, има повредени
Објавено во: Свет 28 Ноември, 2016
Седум повредени се хоспитализирани по нападна Универзитетот во американската држава Охајо.
Универзитетското гратче во Колумбус засега е под опсада.
Само еден од повредените е во критична состојба. Иако се сметаше дека се работи за пукање, сепак нападот го извршил напаѓач кој со автомобил влетал меѓу студентите и ги нападнал со нож.
Полицијата го застрелала напаѓачот, а постои сомнеж дека имало уште еден напаѓач.
OSU president: Suspect's car ran into group of pedestrians, then he cut multiple individuals https://t.co/tsd4VYu2VI https://t.co/NCh7g11kxQ
— CNN (@CNN) November 28, 2016