(ФОТО+ВИДЕО) ПУКНА БРАНА: Загинаа најмалку 47 луѓе
Објавено во: Свет 10 Мај, 2018
Најмалку 47 лица загинале во Солај, Кенија, кога по oбилни врнежи од дожд кои траеле со недели пукнала брана, информираше претставник на полицијата.
Се вадат тела од калта и можно е бројот на жртви да порасне.
Кенискиот Црвен Крст и службата за вонредни ситуации досега спасиле околу 40 луѓе.
Во поплави што ја зафатија Кенија во март годинава загинаа 132 лица, а над 220 илјади беа принудени да ги напуштат домовите. Сега се уништени згради и домови.