(ФОТО+ВИДЕО) Силен земјотрес во Италија - метроата во Рим евакуирани
Објавено во: Свет 18 Јануари, 2017
Силен земјотрес во 10.25 часот ја погоди централна Италија.
Метроата во Рим се евакуирани.
Потресот со јачина од 5,4 степени го погоди италијанскиот град Рим. Земјотресот е почувствуван низ Лацио, Абруцо и Марке.
Тој бил регистриран на 111 километри североисточно од Рим, на длабочина од 10 километри, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот е меѓу градовите Аквила, каде што повеќе од 300 луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес во 2009 година и Риети.
Досега нема информации за повредени или за оштетени згради, според Ројтерс.
Проблем плус за погодените области се снегот и ниските температури. Лани во август земјата беше погодена од серија земјотреси.