Франција и натаму ја тресат серија кражби на музеи
Објавено во: Свет 23 Октомври, 2025 19:29
Само неколку часа откако накитот исчезна од музејот Лувр во Париз, Франција беше потресена од нов грабеж - овој пат во музејот на Дени Дидро во градот Лангр.
Ноќта од недела кон понеделник, непознати сторители упаднале во музејот посветен на филозофот на просветителството Дени Дидро. Тие го искористиле фактот дека музејот е затворен во понеделник, ја скршиле влезната врата и провалиле во витрина во изложбениот простор.
Провалата ја откриле вработените, а по пристигнувањето на местото на злосторството, полицијата пронашла скршена витрина на земја.
„Според првичните согледувања, дел од богатството на музејот, колекција од сребрени и златни монети откриени во 2011 година за време на реновирањето на зградата, исчезнала“, се вели во соопштението на градот.
Украдените предмети не биле уметнички дела или историски предмети, туку сет од сребрени и златни монети што биле дел од постојаната колекција на музејот. Полицијата и вработените во музејот моментално составуваат прецизен список на украдените предмети, кои ќе им бидат предадени на истражителите.
Истражителите веруваат дека грабежот бил внимателно испланиран и насочен, кој се случил само неколку часа по големата кражба на скапоцени камења во Лувр во Париз. Сличното време и начин на грабежот укажуваат дека сторителите можеби се поврзани.
Градот Лангр остро го осуди чинот на вандализам и кражба, велејќи дека нападот врз културното наследство е напад врз колективниот идентитет и историја. Поднесена е кривична пријава, а музејот ќе остане затворен до понатамошно известување, објави „Ле Фигаро“.
Грабежот е најновиот во низата напади врз француските културни институции. На почетокот на септември, Националниот музеј „Адриен Дубуше“ во Лимож, познат по својата исклучителна колекција порцелан, беше исто така цел на провала што резултираше со исчезнување на вреден плен од неколку милиони евра, кој сè уште не е пронајден.
Француските власти најавија зголемен надзор на музеите и културните институции, а приватните компании за обезбедување ја преземаат ноќната безбедност во најранливите објекти.
Музејот Лувр во Париз повторно беше отворен во среда, три дена откако крадци украдоа историски кралски накит во вредност од 88 милиони евра. Посетителите почнаа да се движаат низ влезните врати на музејот во среда наутро за прв пат по дрската кражба што ги привлече насловните страници низ целиот свет.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување
„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи
(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени
Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?
Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?
КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса
(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна
(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?




