19 Мај, 2024
0.0274

ФРАНЦУСКИ НОВИНАР: Македонија го смени името, но тоа не е доволно

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Промената на името беше многу важен услов, но тоа не е доволно, вели за Фактор францускиот новинар Жан Баптист Ноде за тоа дали нашата земја треба да добие датум за преговори со Европската Унија во јуни.

Франција е земја која се колеба околу проширувањето на ЕУ. Ваквите ставови ги соопшти и претседателот на Франција, Емануел Макрон. Новинарот вели дека Франција сака да ја зајакне унијата пред да прими нови членови.

„Франција се плаши од ново проширување, бидејќи веќе е тешко со 28 членки. Таа сака да има реформа на функционирањето на ЕУ пред новото проширување. Мое мислење е дека пристапот на сите балкански земји во ЕУ, е не само неизбежен, туку и неопходен. Сепак, ЕУ мора прво да ги реши проблемите пред да ги прими, инаку, наместо зајакнување на Унијата, тоа ќе го зголемува ризикот од пукање“, вели Ноде.

Според него, тврдењата и анализите кои наговестуваат војни на Балканот ако тој не се интегрира во ЕУ повеќе личат на уцена.

„Но, сосема е јасно дека на долг рок пристапувањето во ЕУ го ограничува ризикот од конфликт“, додава новинарот.

Македонските власти упорно потсетуваат дека нашата земја заслужува датум за преговори.

Амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние деновиве повтори дека дрвото е засадено и сѐ уште се очекуваат плодовите, а плодовите се всушност исполнување на конкретни нешта. Франција очекува исполнување на конкретни работи од Северна Македонија меѓу кои и постигнување на договор за СЈО, за да донесе одлука за датум за преговори за земјава. Ќе треба да се види реформите дали и како се завршени.

ЕУ не би требало да се откаже од Балканот, а неисполнетите ветувања за членство би можеле да ги ослабат умерените и реформски струи во регионот, оценува Фајненшал тајмс.

„Ако вратите на ЕУ останат затворени, умерените струи можат да бидат дискредитирани. Меѓутоа, постои и опасноста вратите да бидат отворени само за Макеоднија, а Албанија да биде оставена да чека. Таквата иницијатива би долеала масло на огнот на паналбанскиот национализам“, наведува ФТ и додава дека би постоел ризик од експлицитно оживување на идејата за „голема Албанија“.

Британскиот весник во својата анализа смета дека таквото сценарио дополнително би ги поткопало напорите за решавање на прашањата меѓу Белград и Приштина и би ги засилило тензиите меѓу Бошњаците, Хрватите и Србите во БиХ.

Сања Атанасовска

фото babelio

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“