ФРАНЦУЗИН КОЈ НЕМАЛ ПОТОМЦИ ПАРИТЕ ГИ ПОДАРИ НА МАЛО ГРАТЧЕ: За возврат имал само една желба
Објавено во: Свет 13 Јануари, 2025
Француско гратче доби 10 милиони евра од човек што никогаш не живеел таму.
Станува збор за гратче со население од 1.773 жители, кое доби наследство од 10 милиони евра од Роже Тибервил, човек што ниту живеел во гратчето, ниту го посетил. Потекнувал од семејство на сопственици на лозја, наследил имот во Париз од своите родители и таму работел како метеоролог.
Роже Тибервил всушност имал исто презиме како името на гратчето кое се вика Тибервил. Тој починал во август 2024 година, на 91-годишна возраст, но не оставил потомци, па решил да го подари своето наследство на гратчето.
По смртта на Роже, градоначалникот на Тибервил примил телефонски повик во кој дознал за подарокот.
Гај Парис, градоначалникот, изјавил дека изненадените и радосни локални жители и функционери сега размислуваат како да го потрошат неочекуваното наследство, кое е петпати поголемо од годишниот буџет на општината.
„Тоа е исклучителна сума пари. Очигледно е дека сумата е како од соништата,“ изјави Парис за локалната радио станица Франс Блу.
Вети дека одговорно ќе постапуваат со парите. Француската општина сега планира да го исплати банкарскиот кредит од повеќе од 400.000 евра што беше искористен за изградба на ново основно училиште.
Тибервил имал една единствената наведена желба на смртната постела – неговата пепел да биде поставена во споменик во гробиштата на општината.
Тибервил е обично гратче чии главни атракции се замок од доцниот 19 век и поранешна фабрика за ленти.