05 Декември, 2025
0.0353

ТУКА ЌЕ ЛЕЖАТ ПАРИТЕ ГОДИНАВА: Овие 12 работни позиции ќе бидат најплатени

Објавено во: Финансии 13 Јануари, 2025 07:30

Добивај вести на Viber

Се очекува ова да бидат најплатените работни места во 2025 година кои вработуваат најголем број луѓе во светот, па ако сте размислувале да барате работа во странство - започнете со нив.

Повеќето од овие работни места плаќаат над 100.000 долари годишно, некои се отпорни на рецесија, некои дури и не бараат диплома, а некои ви дозволуваат да работите од дома, според CareerFitter, истакнувајќи ги 12-те полиња во кои ќе имате најдобри шанси за добивање работа во 2025 година.

ИТ менаџери

Просечна плата: 169.510 долари

Вие би биле дел од ИТ тимот на кој сите се јавуваат кога се на работ да го фрлат компјутерот низ прозорецот. Менаџерите на компјутерски и информациски системи се нарекуваат и менаџери за информатичка технологија (ИТ) или менаџери на ИТ проекти.

Големиот број на нововработени и високите плати се она што ја става оваа кариера на прво место. Ќе изгледате како силен кандидат за вработување доколку им покажете дека имате лидерски способности, сигурност, внимание на деталите, добри сте во комуникацијата, донесувате паметни одлуки, имате вештини за решавање проблеми и вештини за управување со времето.

Ова е дефинитивно канцелариска работа со задолжителни компјутерски вештини. Ќе гаснете внатрешни „пожари“ и ќе потрошите многу време обидувајќи се да ги направите тие непотребни канцелариски состаноци што е можно попродуктивни.

Финансиски менаџери

Просечна плата: 156.100 долари годишно

Прескокнете го ова ако не ви се допаѓа математиката. Меѓутоа, ако сте добри со бројки, како идејата за објаснување сложени финансиски трансакции и оценување на финансиските податоци и информации кои влијаат на организацијата, а се сметате за чесни и професионални - работата како финансиски менаџер би можела совршено да одговара.

Финансиските менаџери се клучни за секоја организација, одговорна за надзор на финансиското здравје на компанијата, како и за генерирање финансиски извештаи, насочување на инвестициските активности и развивање стратегии за долгорочни економски цели.

За влез во оваа област обично е потребна диплома за финансии, деловна администрација, економија или поврзана област, и се цени ако имате и магистерска диплома или одредени сертификати. Искуството во реалниот свет е исто така клучно, а од потенцијалните финансиски менаџери често се очекува да имаат повеќе од 5 години искуство на таа или поврзана позиција, како што е сметководител, агент за продажба на хартии од вредност или финансиски аналитичар.

Програмери на софтвер

Просечна плата: 132.270 долари годишно

Приходите на софтверската индустрија се проценуваат на стотици милијарди долари годишно и сите се согласуваат дека оваа индустрија е во подем. Значи, ако вашите очи се способни да зјапаат во екранот на лаптопот поголемиот дел од денот и претпочитате да работите сами, добрата плата е само една од придобивките од работата на програмерот. Имено, со оглед на тоа што вашиот производ е дигитален, многу компании кои вработуваат имаат флексибилни политики за работа од секаде. Понекогаш тоа е хибридна работа која бара од вас да бидете креативни решавачи на проблеми и добра организација.

Но, за да започнете, ќе ви треба диплома за компјутерска и информатичка технологија или поврзана област, како што се инженерство или математика. Во однос на развојот на кариерата, како развивач на софтвер, можете да изберете да напредувате, да станете шеф и да заработувате над 200 илјади долари годишно како менаџер на компјутери и информациски системи.

Курир.рс

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката