05 Декември, 2025
0.0423

НОВА ЧЛЕНКА ВО УПРАВНИОТ ОДБОР: Даниела Ѓоршевска влегува во највисокиот орган на Стопанска банка Битола

Објавено во: Финансии 14 Јануари, 2025 10:41

Добивај вести на Viber

Стопанска банка Битола извести за промени во своите органи на управување и раководење. Имено, во Управниот одбор на банката има нова членка, додека, пак, вршителот на должноста член на УО кој беше преземен од Надзорниот одбор, повторно се враќа во тој орган, кој всушност е надзор и контрола на работењето на Управниот, односно Бордот на директори. А, една членка на Управен одбор, повеќе не е на таа функција. 

Нова членка на УО на Стопанска банка Битола ќе биде Даниела Ѓоршевска, додека, пак, вршителот на должноста член на УО, Борислав Атанасовски, ќе се врати во Надзорниот одбор. 

Според Линкедин, Шоршевска досега била на позицијата Раководител на сектор за финансиско сметководство и надворешно известување.

Врз основа на Одлука од Надзорен одбор од 22 ноември 2024 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија од 10 јануари 2025 година, за член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е именувана м-р Даниела Ѓоршевска“, се вели во ценовно чувствителната информација од Банката објавена на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.

А, беше објавена и оваа информација. 

Стопанска банка а.д. Битола известува дека поради комплетирање на целосен состав на Управниот Одбор, м-р Борислав Атанасовски не е повеќе вршител на должност - член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола и повторно се враќа во редовите на членовите на Надзорниот одбор на Банката.

Истовремено, известуваме дека д-р Гордана Балтовска повеќе не ја извршува функцијата член на Управен одбор“, се вели во известувањето од Банката.

Гордана Балтовска беше назначена за членка на Управниот одбор на банката во октомври 2023 година. 

Н.Н.Ф.

Фото: Линкедин

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката