Французите ќе здивнат, нема веќе мејлови и повици по работно време
Објавено во: Свет 03 Јануари, 2017
Од 1 јануари француските граѓани не мораат да одговараат на мејлови по завршување на работното време.
Ова е предвидено со Законот за исклучување, пишува ББС.
Ова е за фирми со над 50 вработени, кои мораат да имаат кодекс на добро однесување.
Во него се наведува дека граѓаните по одредено време не мораат да одговараат на повици и мејлови.
Се наведува дека на овој начин работниците би имале стрес, ќе им се поремети приватниот живот, а плус не се платени за прекувремена работа.
Овој закон има за цел да направи рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот на луѓето.