11 Декември, 2025
0.5829

Француската модна куќа „Lacoste“ продадена поради семејна кавга

Објавено во: Свет 16 Ноември, 2012 10:21

Добивај вести на Viber

Француската модна куќа за спортска облека „Lacoste“  е продадена на швајцарската семејна компанија „Maus Freres“ за 1 милијарда евра, соопшти Ројтерс. Зделката, која стана возможна поради конфликтите во семејството Лаконија, беше објавена во Женева од страна на швајцарската компанија. „Сите акционери на Lacoste од семејството одлучија да продадат своите акции на Maus Freres кои веќе имале 35% од капиталот на Lacoste преку филијалата својата компанија Devanlay", се наведува во соопштението. Во септември Софи Лаконија-Дурнел ја зазеде функцијата извршен директор на Lacoste, а тоа предизвика конфликт со нејзиниот татко Мишел Лаконија, бидејќи тој беше против тоа неговата ќерка да ја предводи модната компанија. Затоа тој одлучи да продаде 30,3% од акциите на Maus Frеres. Минатата недела, пак, стана јасно дека и Софи Лаконија-Дурнел го продала својот дел од 28%,  по спорот со членовите на семејството, на женевската компанија. На овој начин компанијата целосно премина во рацете на швајцарската Maus Frères. Приходите на француската компанија, основана пред 80 години од тенисерот Рене Лаконија, биле во вредност од 160 милиони евра за 2011 година, кои што дојдоа главно од продажба на лиценци за користење на брендот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?