Фридман: ЕУ е еден прекрасен експеримент, кој е „можеби преамбициозен“
Објавено во: Свет 12 Јуни, 2017
Геополитички аналитичар, Џорџ Фридман вели дека Европската унија е еден прекрасен експеримент, кој е „можеби преамбициозен“.
Тој смета дека развојот во Источна Европа го блокира политиката.
„Европската унија има три компоненти, слободна трговска зона во која Германија е доминантна, а потоа еврозоната. Постои прашање за тоа како да се одреди вредноста на еврото. Третата е самиот Брисел и тука е прашањето кој ги донесува одлуките и кој е одговорен“- изјави Фридман во Белград, цитиран од РТС.
Прашан за тоа што бара Црна Гора во НАТО, Фридман вели дека неговата земја, САД, сега е законски обврзана да ја брани Црна Гора.
„Србија има исклучителни интелектуални таленти, но политиката го блокира развојот“- вели аналитичарот.
Фридман додава дека по распадот на Југославија, Балканот не доживеал „среќни времиња“.