ФРИДОМ ХАУС: Македонија е земја со хибриден режим - кои земји од регионот и прават друштво?
Објавено во: Македонија 04 Април, 2017 10:24
Македонија се наоѓа во групата земји со хибридни режими.
Ова е наведено во извештајот на Фридом Хаус насловен „Земји во транзиција“, кој излезе денеска.
Македонија годинава бележи пад во сите категории, вклучувајќи демократско владеење, изборен процес, независност на судството, каде се истакнува политичкото влијание врз судовите и пречките врз Специјалното јавно обвинителство.
„Поради неказнивост во случаи од висок профил, корпуцијата е поприсутна отколку што претходно се мислеше“- стои во извештајот на Фридом Хаус.
Во истата група на Македонија друштво и прават земјите од регионов како Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.
„Политичката поларизација меѓу владата и опозицијата стана поизразена откако владејачката политичка елита се бори да остане на власт. Дејствијата на владејачката партија и политичката клима во целост ги спречи спроведувањето на итните демократски приоритети барани од страна на Европската унија (ЕУ). Потребни се значителни реформи за да се врати земјата назад на патот на демократизацијата“- се вели во извештајот.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




