ФРОДЕМ: Со чии пари Груевски лобира во САД?
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016
Од ФРОДЕМ прашуваат од каде му се парите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со кои лобира во САД.
Велат се работи за средби со политичари од третиот па и подолу по ранг ешалон и станува се појасно дека средбите во САД не можат да обезбедат подобри позиции за Македонија и да ја зајакнат нашата релација со САД и истите пред се наменет за понатамошно заблудување и фрлање прав во очи на домашна јавност.
„ФРОДЕМ бара партиската врхушка и тајфата амали на туѓиот срам под итно да дадат отчет на граѓаните на Република Македонија за потрошените пари за овие скапи екскуризии наменети првенствено за спас на нивната веќе предвидлива иднина. Исто така ФРОДЕМ потсетува дека јавноста остана куса за одговор за досега потрошените околу 1,7 милиони долари од страна на оваа врхушка за ангажирање на американски компании за политичко лобирање и пропагандна поддршка во САД“ - се наведува во соопштието.
Додаваат дека Законот за финансирање на политичките партии налага јавно и транспарентно финансирање на политичките партии и затоа приходите и расходите на политичката партија се јавни.
Бараат да се испита потеклото на овие пари. Од ФРОДЕМ го повикува и Емил Димитриев техничкот премиер за спроведување на изборите и потписник на договорите за лобирање да го објасни потеклото на парите со кои неговиот претпоставен лобира во САД.