16 Јануари, 2025
0.0594

ФСП: Врхушката на ВМРО-ДПМНЕ да поднесе оставка и да престане разнебитувањето на партијата

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Од Форумот на слободоумни патриоти денеска преку писмо бараат врхушката на ВМРО-ДПМНЕ да си поднесе оставка и да престане разнебитувањето на партијата. 

Велат дека пред две години се формирани и се спротивставиле на лошото владеење на Никола Груевски. Заложбите ги презентираа на јавноста како Проглас со деветнаесет јасно зацртани цели по кој пат треба да се движи партијата.

На партијата итно и е потребно одржување на вонреден Конгрес, на кој ќе бидат избрани нови партиски тела и органи составени од чесни и достоинствени партиски членовни, како и Конгрес на кој ќе биде избран нов лидер на Партијата, низ една транспарентна и демократска постапка. Вонреден Конгрес е неминовен, актуелната врхушка е компромитирана во јавност и со неа е неизбежен пораз на следните предвремени парламентарни избори. Во интерес на самата партија, а со цел да не дојде до целосен распад и раскол, кој никој не го посакува, а најмалку ние, апелираме до врхушката веднаш да отпочне постапка за свикување на вонреден Конгрес и избор на ново партиско раководство. Притоа во новото раководство не смеат да земат учество ниеден од досегашните партиски функционери предводени од Груевски бидејќи заради нивните катастрофални грешки партијата е доведена до ова дереџе“ - велат од ФСП. 

Тука ги наведуваат менувањето на партиските бои и симболи, понижувањето на старите членови и ветерани и нивното деградирање, масовниот прием на членови со сомнителна идеологија во редовите на партијата и нивно целосно згрижување, коалиција со луѓе кои со оружје се кренаа против институциите на државата без да се почитува мислењето на членството, нехуманиот однос кон раселените, бранителите, амнестирањето на xaшките случаи, неоснованото и незаконско притворање на македонските xeрои, неразјаснетите убиства, Смилковско езеро, изградабата на споменици кои се спротивни на македонските национални интереси и друго. 

„Разнебитувањето, уништувањето и користењето на ВМРО-ДПМНЕ за лични цели и лично богатење мора да престане. Доколку сакаме партијата да продолжи да постои мораме да се сплотиме и да и кажеме на врхушката дека е време да си оди“ - додаваат од ФСП. 

Тие велат дека се подготвени да го повикаат членството на отпор кон ова раководство на партијата. 

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката