27 Април, 2024
0.0337

„Фурна Диме“ во топ-20 потрошувачи на гас, РЖ Институт со најголем раст

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Мелничко-пекарскиот капацитет „Фурна Диме“ се најде во Топ-20 најголеми купувачи на природен гас во 2017 година, додека леарницата РЖ Институт, позната по скулптурите и спомениците од СКопје 2014-та, направила најголем скок во набавката од дури 69,64 отсто во однос на една година претходно.

„Фурна Диме“ се најде на 19 место со 567.000 нормални метри кубни во 2017, за разлика од потрошени 499.000 во 2016, додека РЖ Институт е на 18 позиција со 675.000 нм3, односно 86,55 отсто повеќе споредено со 2015 или две години претходно, објави Регулаторна комисија за енергетика. 

Од податоците доставени од страна на АД ГА-МА Скопје како носител на лиценците за пренос и управување со системот за пренос на природен гас, вкупните пренесени количини на природен гас во Република Македонија до потрошувачите на природен гас во текот на 2017 година изнесуваат 275.072.659 нм3. Ова се најголеми годишни количини на природен гас кои што се пренесени преку системот за пренос, и претставува зголемување на пренесените количини на природен гас за 28,88% во однос на 2016 година. Ваквото зголемување на пренесени количини на природен гас се должи пред се на потрошувачката на ТЕ-ТО АД Скопје која во 2017 година изнесува 175.166.768 нм3 природен гас и е убедливо на првото место на листата. 

ТЕ-ТО оваа година замина во стечај под контроверзни услови, но тоа не го спречи да ја зголеми набавката за 320 отсто во однос на две години претходно и 42 отсто во однос на една година претходно. Производство на топлина Балкан Eнерџи ДООЕЛ Скопје е на второто место со 32,3 милиони нм3 и втора година по ред, иако незначително, го намалува снабдувањето. На трето место е „Макстил“ кој од година в година го зголемува снабдувањето и во 2017-та потрошил 19,3 милиони нм3. АД ЕЛЕМ – Подружница Енергетика и АрцелорМиттал Стил Скопје АД се во Топ-5 со континуирано зголемување на потрошувачката и реализирани 10,5, однсоно 7,6 милиони.

Дирекција за технолошко индустриски развојни зони Скопје, која снабдува седум инвеститори, е на шестото место, исто така со раст од година в година, со 4,2 милиони, а следува ФЗЦ 11 Октомври, фабриката за цевки и профили, која со стабилизирањето на производството ја зголеми и потрошувачката на гас на 3,5 милиони, односно за 300 отсто повеќе за две изминати години. Меѓу 10 најголеми се уште комбинираната централа Когел со 3,49 милиони и значаен раст секоја година, Клинички Центар Мајка Тереза, кој е гасифициран од 2013, троши стандардно секоја година (3,1) и постојаниот Жито Лукс со 2,4 милиони нм3.

Цементарница Усје со пораст на 1,7 милиони го зеде 11 место на Пивара Скопје, која сега е на 12 позиција со 1,4. Болницата 8 Септември, која се гасифицираше во 2014-та, сега е 13-та и 1,2 милиони троши повеќе од топланата Скопје Север (1,1 нм3). Од 15-то до 17-то место се стандардните Алкалоид, Европа и Министерството за одбрана со реализирани околу милион нм3. Зад Фурна Диме и РЖ Институт се Јавните претпријатија за испорака на гас во Куманово и Струмица, кои снабдуваат повеќе јавни градски објекти и помал број на домаќинства со околу половина милион нм3. 

Под половина милион а над 150.000 нм3 користат уште ДС СМИТХ - фабриката за картонска амбалажа, Империјал Тобако, Здравје Радово - погон Куманово, ТАВ Македонија, Виталија, Вивакс, Силбо (3.542 отсто раст за една година), Плежер - фабриката за кондиторски производи од Крива Паланка, Факом, ГА-МА за сопствени потреби, ЈСП Скопје, Технички гасови ТГС и CNG - продавачот на метан на станиците во Скопје и Куманово.

Во 2017 година има 5 субјекти кои што увезуваат природен гас, и тоа Макпетрол АД Скопје, ТЕ-ТО АД Скопје, Производство на топлина БЕ ДООЕЛ Скопје, Когел Север и ТЕ-ТО Гас Трејд, со тоа што ТЕ-ТО АД Скопје и Производство на топлина БЕ ДООЕЛ Скопје вршеле увоз на природен гас само за сопствени потреби, додека останатите субјекти увезуваат природен гас за понатамошна препродажба. Кај пазарот на големо со природен гас и во 2017 година доминантен трговец останува Макпетрол АД Скопје, кој што продава на снабдувачи и поголеми потрошувачи. 

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра