05 Мај, 2024
0.1560

Гацов: Неуките пензионери тешко ќе се снајдат со новите правила на УЈП

Објавено во: Економија 13 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Новите правила и процедури со кои се штитат податоците за граѓаните не  земаат предвид дека даночни обврзници се и пензионери, потоа дигитално неуки, како луѓе кои се болни дури и слепи, за кои овој бирократски чин на регистрација ќе биде посебно тежок, вели за Фактор Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници на РМ.

Тој посочува дека ангажирањето на полномошник создава друг вид на обврски за кои треба и да се плати коментирајќи го фактот дека и пензионерите пред комјутер ќе треба да се регистрираат во новиот систем на УЈП.

!Составувањето на првата е-Годишна даночна пријава е ново модерно решение на Управата за јавни приходи, подготвувано подолго време. Самото составување на пријавата го генерира софтвер на УЈП, а полнењето на базите на податоци се врши аконтативно во текот на цела 2018-та година од страна на исплатувачите – правни субјекти, но и од страна на самите граѓани, кога остваруваат приходи од странство, од други граѓани, од капитални добивки од продажба на наедвижен имот, ... сето тоа преку интернет платформата e-pdd.ujp.gov.mk. Подготвената е-Годишна даночна пријава, УЈП има обврска по електронски пат да ја достави до секој даночен обврзник-граѓанин на проверка и потврдување. Токму овој механизам на проверка и потврдување, бара од даночните обврзници што остварувале приходи да се регистрираат во електрнскиот систем на УЈП со свое електронско санддаче“, објаснува Гацов.

Тој сепак потенцира дека  заради олеснување на обврзниците, Управата треба да создаде услови нејзините службеници, користејќи ги веќе активните мобилните даночни шалтери да ги посетуваат овие граѓани за да ги регистрираат на „нивен терен“ а како што додава во игра може да биде и регистрација на обврзниците-граѓани кај банките, односно кај нотарите, во присуство на службено лице, претставник на УЈП.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?