15 Мај, 2024
0.0255

(ГАЛЕРИЈА) 5 причини да го посетите прекрасниот остров Тасос

Објавено во: Стил 16 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Тасос е еден од најубавите острови во соседна Грција. Иако е како агол од Небото, тој се уште не е уништен од прилив на туристи. Кога си таму, имаш чувство дека си на некој далечен тропски остров, а всушност е толку блиску до нас! Постојат десетици причини да го посетите Тасос, а ние избравме 5 од нив.

Tasos1

Античка Агора на Тасос

Една од најзначајните знаменитости на Тасос е Древната Агора. Во минатото таму се одржувале јавни расправи, прослави и ритуали. Ако сакате да нурнете во античката култура на Грците и да ја  почувствувате убавината на една друга ера, задолжително треба да ја посетите Агора во градот Лименас!

Женскиот манастир „Св. Архангел Михаил“

tasos sv. arhangel mihail

Тоа е едно од најпознатите чудотворните места на светот. Секој што се осмелил да се качи до Ајазмото и да се напие од водата во него, ја почуствувал нејзината лекови сила. Илјадници луѓе се излечиле таму. Присуството на Архангел е опипливо. А кој не верува во чуда, само може да го посети и да се наслади на убавите глетки кои ги нуди манастирот. Токму кај него се наоѓа и Зографскиот манастир, кој е забранет за жени и за да го посетите, треба да имате посебна дозвола.

Прекрасните плажи

saliara_beach

Светлите бои кои ги нудат плажите на о. Тасос, тие прават да се чувствувате како да сте во Рајот. Тие не се само убави, а и многу чисти и спокојни. Ве советуваме да одите и да уживате во оваа прекрасна оаза.

Забава

maxresdefault (1)

Иако Тасос е релативно недопрен од масовниот туризам, тој сепак нуди и многу забава за љубителите на адреналинот, на музиката и забавите. По плажите можат да се сретнат многу спортски атракции, а за љубителите на забавите има и плажи со музика која те тера да станеш танцуваш по мекиот песок.

Престолнината Лименас

Limenas_Port

Едно од најпосетените места на  Тасос е престолнината Лименас. Таа е познато со културно-историското богатство. Таму, освен плоштадот Агора, можат да се посетат и стариот амфитеатар, кој е актуелен и денес, Светилиштето на Зевс, Артемида и Посејдон. А потоа да ја завршите вечерта во некое пријатно катче и да сте сигурни дека Тасос ќе остане во вашето срце долго откако си одите!

limenas-thassos-ancient-theater