17 Мај, 2024
0.0282

(ГАЛЕРИЈА) Автомобил кој за само 30 милисекунди го активира адреналинот на максимално ниво

Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Mercedes-Benz продолжува со силната експанзија на промовирање модели со врвен дизајн и технолошки иновации, како дел од стратегијата која се однесува на автомобилскиот дизајн наречена „Чиста сензуалност“.

Последен во низата нови модели е и новото C-Class Coupe, неодамна промовирано на саемот за автомобили во Франкфурт, а од денеска веќе и достапно во салонот на Мак Аутостар.

mercedes cupe 1

Чистите линии и скулптурни облини на надворешниот дизајн се поигруваат со светлината, истакнувајќи го секој уникатен детал на дизајнот. Атлетски и спортски, новото Coupé јасно ја прикажува својата модерна луксузност како кај надворешниот, така и кај внатрешниот изглед.

Внатрешноста на новото C-Class Coupé претставува своевидна дефиниција на дизајн филозофијата на Mercedes-Benz, која ги комбинира сензуалноста и интелигентните решенија на севкупниот изглед. Од фабриката на Mercedes-Benz велат дека ова е автомобил кој за само 30 милисекунди може да го активира адреналинот на максимално ниво.

mercedes cupe 2

Вградените материјали овозможуваат добивање лесна конструкција и намалена тежина на возилото, а со тоа и одлична аеродинамичност и високи перформанси.

Со сите овие карактеристики, новото C-Class Coupé поставува нови стандарди во својот сегмент.

mercedes cupe 3

Mercedes-Benz е предводник во полето на аеродинамиката кај автомбилите, за што нуди возила со најдобар коефициент на отпор на воздухот кај неговите модели во речиси сите автомобилски сегменти. Новото C-Class Coupé поседува коефициент на аеродинамичност Cd 0.26. Ова е особено значајно кога автомобилот се движи на отворен пат, при поголеми брзини на движење.

Суспензија: Спортска агилност и удобност

Суспензијата на новото C-Class Coupé нуди високо ниво на удобност, иако има ниско „прилепување“ на возилото кон површината на патот.

mercedes cupe 4

Новото C-Class Coupé стандардно е опремено со челична суспензија. Со овој систем, на располагање се две суспензии со селективен систем за потпирање.

  • Удобна суспензија - AGILITY CONTROL со спортски карактер и намалена висина за 15 мм во однос на лумузинската верзија.
  • Спортска суспензија со поцврсти пружини, вклучително и спортски директен управувачки систем, со што се добива уште поголема агилност во управувањето.

Воздушна суспензија

Новото Coupé опциски е опремено со AIRMATIC воздушна суспензија, која овозможува самостојно нивелирање на секое тркало одделно.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Вие го програмирате начинот на возење

Возачите може да го изберат карактерот на нивното Coupé, само со притиснување на копче: од спортско, комфорно или возење кое обезбедува економичност во потрошувачката. На располагање се 5 програми на возење, кое може да го изберете преку функцијата DYNAMIC SELECT, регулирано преку копче: "ECO", "Comfort", "Sport", "Sport +" и "Individual". Со избирање на опција "Individual" се овозможува индивидуално подесување на карактеристиките на возење на возилото.

mercedes cupe 5

Ефикасни и динамични мотори

На располагање се 4 бензински мотори, односно од 1.6 литарскиот мотор C180 со 156КС се до дволитарскиот C200 со 184 КС и C250 со 211 КС, како и С300 со 245 КС.

Двата дизелски мотори со 4 цилиндри развиваат максимална моќност од 170 КС и 204 КС. И двата користат еко напредна технологија (Selective Catalytic Reduction).

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Моќноста се пренесува преку 6-степен мануелен менувач, како и со помош на 7G-TRONIC PLUS, 7-степен автоматски менувач или преку новиот 9-степен автомстки менувач 9G-TRONIC.

Модел Зафатнина cc kW/кс Nm 0-100 км/час  л/100 км CO2g/km
C 220 dМануелна трансмисија (9G-TRONIC) 2143 125/170 400 7.8(7.5) 4.1(4.1) 106(106)
C 250 d9G-TRONIC   2143 150/204 500 6.7 4.2 109
C 180 Мануелна трансмисија (7G-TRONIC PLUS) 1595 115/156 250 8.5(8.8) 5.3(5.4) 122(126)
C 200 Мануелна трансмисија (7G-TRONIC PLUS) 1991 135/184 300 7.7(7.3) 5.3(5.4) 123(125)
C 250 7G-TRONIC PLUS 1991 155/211 350 6.8  5.4 125
C 3007G-TRONIC PLUS   1991 180/245 370 6.0 6.3 146
V8 Biturbo во Mercedes-AMG C 63 Mercedes-AMG Coupé C 63 е придвижуван од мотор со зафатнина од 4.0-литри, 8 цилиндри и двојна турбина, при што ослободува 476 кс или кај верзијата C 63 S со максимална моќност од 510 кс).
Mercedes-AMGмодел Зафатнина cc kW/кс Nm 0-100 км/чВо сек л/100 км CO2g/km
C 63 3982 350/476 650 4.0  8.6 200
C 63 S 3982 375/510 700 3.9 8.6 200

Можеби ќе ве интересира

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура