28 Септември, 2024
0.0242

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

„Литература.мк“ ја објави целосната програма за првото издание на новиот фестивал за литература и општа култура „ВИДИК“, што ќе трае од 16 мај до 16 јуни 2024 година.

На публиката ќе ѝ се понуди квалитетна содржина и непосреден контакт со најактуелните домашни и регионални автори и проекти од областа на културата. На програмата се промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарски изведби, изложби на слики и илустрации, проекции на документарци и мултимедијални презентации.

„Литература.мк“, во партнерство со издавачката куќа „Арс Ламина“, нуди богата книжевна програма, како и мултимедијални настани инспирирани од изданијата на „Арс Ламина“. Вечерва, на првата фестивалска вечер ќе ги видиме реномираните книжевници Зоран Анчевски, Венко Андоновски и Оливера Ќорвезироска, како и познатиот скопски состав „Акварела“ (Aquarela), што ќе ги изведе најубавите боса нова стандарди.

На следните фестивалски вечери дел од програма се реномирани книжевни имиња, меѓу кои Никола Маџиров, еден од најпознатите и најпреведуваните македонски поети во светот, црногорскиот писател Никола Николиќ и македонската писателка, книжевна преведувачка и професорка Румена Бужаровска, како и Јована Матевска Атанасова, добитничката на книжевната награда „Пегаз“ за 2023 година, младата авторка Маја Мишевска и мегапопуларниот автор Зоран Спасов-Ѕоф.

За концертната програма „Литература.мк“, во партнерство со радиото „Џез ФМ“, ги носи Мухамед Ибрахими – македонскиот скриен гитарски бисер, групата „Шлиц“ (Schlitz) – која ја предводи нашиот музички феномен Џијан Емин, групата на лимени дувачки инструменти во оркестарот на Македонската филхармонија – „Фамилија Металковци“, еден од најнадежните македонски музички состави „Мојра“, џез-составот „Парусион груп“, еден од првите блуз-состави во Македонија – „The Wild Bunch“, фанк-диџејот Џорџ Цветковски и Дарко Марковски, кој повеќе од 30 години е препознатлив диџеј, радиоводител, продуцент и промотор.

Од театарскиот свет ни доаѓаат реномираниот македонски театарски, филмски и телевизиски глумец – Александар Микиќ, популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски, како и режисерката Тамара Стојаноска и алтернативниот актер и музичар Лео Поповиќ.

Целосните детали за програмата се објавени на www.literatura.mk/vidik. За присуство на концертните и театарските настани потребен е билет и резервација на 070/585-021. Сите заинтересирани можат да купат билети во книжарниците „Литература.мк“ во Скопје, како и онлајн преку www.literatura.mk.

„Литература.мк“ ги повикува сите заинтересирани да бидат дел од свежата и динамична атмосфера на новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“, која ветува проширување на културните видици и обединување на безграничните хоризонти на литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот и дизајнот!

пр објава

Можеби ќе ве интересира

ГРИН МАШИНС на БРАКО доби златен медал на Меѓународниот технички саем во Пловдив

ГРИН МАШИНС на БРАКО доби златен медал на Меѓународниот технички саем во Пловдив

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски

Вина „Монтеко“ – ризница од вкусови со уникатен печат

Вина „Монтеко“ – ризница од вкусови со уникатен печат

ПроКредит Банка и ЕБОР со нова кредитна линија во вредност од 4 мил евра за зелени инвестиции во домаќинствата

ПроКредит Банка и ЕБОР со нова кредитна линија во вредност од 4 мил евра за зелени инвестиции во домаќинствата

ДА ГО ОБОИМЕ СВЕТОТ ВО БОЈАТА НА ВРАНЕЦ: По шести пат се одбележува Светскиот ден на вранецот

ДА ГО ОБОИМЕ СВЕТОТ ВО БОЈАТА НА ВРАНЕЦ: По шести пат се одбележува Светскиот ден на вранецот

Серијата Galaxy S24 се проширува со S24 FE: Врвно искуство кое ги прави сите функции на Galaxy AI достапни за повеќе корисници

Серијата Galaxy S24 се проширува со S24 FE: Врвно искуство кое ги прави сите функции на Galaxy AI достапни за повеќе корисници

Третата годишна конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ ги постави темелите на најновите стандарди во ИТ индустријата

Третата годишна конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ ги постави темелите на најновите стандарди во ИТ индустријата

ОКТА продолжува со реализација на платформата „ЈАС ВНИМАВАМ“ за поголема безбедност во сообраќајот

ОКТА продолжува со реализација на платформата „ЈАС ВНИМАВАМ“ за поголема безбедност во сообраќајот