ФОТО: ФАКТОР
(ГАЛЕРИЈА) БОГОЕВСКИ: Против принципот „ЕДЕН ЗА СИТЕ,СИТЕ ЗА ЕДЕН“ режимот е немоќен!
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2016
Како што соопштивме пред малку судењето на активистот на Шарената револуција Павле Богоевски е одложено за 14 ноември поради технички пропуст, односно не била наведена висината на наводно предизвиканата штета на Министерството за култура.
Шарената револуција покажа дека е со своите соборици и во голем број дојдоа да му дадат поддршка на Богоевски а воедно и да изразат револт.Во продолжение галерија од денешниот протест на Шарена револуција...
„Судењето е одложено за 14.11. бидејќи обвинителството на Зврлевски не обезбедило имотно-правно побарување од Министерство за култура. Ова е конститутивен елемент за делото за кое ме товарат и ОЈО воопшто не требало да почне постапка без него. Не само што е ужасно дрзок политички прогон, туку е и лошо сработено обвинение, без елементарно познавање на правото“, изјави Павле пред скопскиот суд.
„Ви багодарам, луѓе. Многу. Поддршката ме изненади, но и ме убеди дека нашето ЕДЕН ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДЕН е непоколеблив и непобедлив принцип против кој режимот е немоќен“. Затоа ќе заминат во историјата, а и во затвор. Бидејќи тие се водат само врз основа на личните интереси, а ние сме еден организам, шарен, но со единствена цел“, напиша Богоевски на неговиот ФБ профил.