И општина Центар денеска се справуваше со последиците на големото невреме кое вчера го зафати Скопје. Урнати фасади, откорнати дрвја, поплавени објекти - ова се последиците од силниот дожд со ветер и грмотевици.
Најкритично беше во населбата Пролет каде што службите од општина Центар во соработка со ЈП Комунална хигиена со шмркови ја исчистија калта која од тревните површини се излеа на улиците. Исчистени се и сите искршени гранки.
Вчерашното невреме и дождот ја урнаа фасадата на фискултурната сала во ОУ „11 Октомври“. Во истото училиште поплавен е и еден кабинет. Службите од општина Центар со пумпи ја извадија водата, а од понеделник ќе се почне со санација на фасадата. Со пумпи е извадена водата и од поплавената кујна во ОУ „Гоце Делчев“, а водата се вадеше и од поплавените гаражи во Градски ѕид, информираат од општината.
Еве како одеше справувањето со последиците од невремето во Центар:
„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново