19 Мај, 2024
0.0260

(ГАЛЕРИЈА) Ѕирнавме зад камерите за време на снимањето на видео спотот на Македонски Телеком

Објавено во: Мои пари 23 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Сонце, море, плажа, бескрајно синило и... АКЦИЈА! Вака отприлика изгледала атмосферата зад камерите за време на снимањето на последниот видео спотво кој главната улога ја има нашата позната актерка Јелена Јованова. Рекламата којашто е актуелна за последната роаминг понуда на Телеком, деновиве го привлекува вниманието на граѓаните не само поради атрактивноста на понудата, туку и поради лежерноста, амбиентот, локацијата на снимањето, секако и поради позитивниот лик и харизмата на Јелена.

За многумина од нас кои се прашуваат како воопшто се одвива снимањето реклами, дознавме дека овојпат сѐ траело само еден ден во стариот дел од градот Котор и неговата околина и течело одлично, иако почетокот на денот не ветувал многу.

 „Започнавме со снимање во 05 часот наутро и како за беља нè пречека тмурно и дождливо време. Но, како што вели старата анегдота, по дождот изгрева сонце. Така беше и во нашиот случај. Среќата ни се насмевна и набрзо излезе сонцето кое ни даде дополнителен елан да ги снимиме предвидените кадри“, ни раскажаа од екипата одговорна за снимањето на рекламата.

Што се однесува, пак, за соработката со Јелена, нивното задоволство е очигледно:

„Нејзиниот живот полн со патувања, обврски и честа комбинација на работа и одмор за нас беше одличен мотив за да ја поистоветиме со роаминг кампањата на Телеком. Јелена е голем професионалец и сѐ течеше беспрекорно, иако можеби на моменти топлото време сите нѐ истошти. Прекрасниот јадрански амбиент одлично ни „легна“ и можам да заклучам дека ова беше едно навистина возбудливо и забавно снимање каде што локацијата исто така придонесе за магичноста на кадрите“, велат од тимот.

Во продолжение ви овозможуваме да ѕирнете на сетот за време на снимањето, како и да почувствувате дел од атмосферата на целата екипа.   



Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата