20 Декември, 2025
0.0669

Garuda Indonesia и China Southern Airlines ќе ја купат Croatia Airlines?

Објавено во: Балкан 21 Август, 2013 12:46

Добивај вести на Viber

Најдоцна до 15 октомври Владата на Хрватска ќе распише тендер за продажба на „Croatia Airlines“, а според зацртаниот распоред, новиот сопственик или косопственик на националната авиокомпанија би можел да биде познат во февруари идната година. Можни се два модели, докапитализација или класична продажба на акциите. Како што пишува „Утрински лист“, засега интерес покажале авиокомпаниите „Garuda Indonesia“ и кинеската компанија „China Southern Airlines“. Како потенцијален трет купувач се споменува „Etihad“ од ОАЕ, кој неодамна купи 49 проценти од „JAT“. Според груби проценки, за 100 проценти од акциите, компанијата би можела да добие околу 300 милиони куни. Според правилата на Европската комисија, фирмите надвор од Европската унија можат да купат најмногу 49 проценти од целата компанија. За што подобро да ги запознаат со ситуацијата во „Croatia Airlines“, министерот за транспорт Синиша Хајдаш Дончиќ, претседателот на Надзорниот одбор на „Croatia Airlines“ Синиша Петровиќ и неговиот заменик Дарко Пребежац, следната недела во Џакарта ќе се сретнат со челниците на „Garuda“, претседателот на индонезиската економска комора и тамошниот министер за транспорт. Соговорниците на „Утрински Лист“ тврдат дека разговорите со претставниците на „Garuda“ траат веќе неколку месеци и дека влегле во многу сериозна фаза. Министерот Хајдаш Дончиќ пред неколку месеци најави продажба на дел од „Croatia Airlines“.  

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација