05 Мај, 2024
0.0253

Гасоводот преку Водно ги лизна низ брдо капиталните инвестиции-како ќе ги реши Сугарески

Објавено во: Економија 13 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Најголема кочница која ги стави во лер капиталните проекти според министерот за транспорт и врски е гасоводот низ Водно.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески се оправдува со протестите на еколошките здруженија поради кои, како вели, реализацијата на овој проект е само 8,6 отсто.

Според него оваа година Министерството за транспорт и врски ќе реализира над 95 проценти одпредвидените капитални проекти иако до август билепотршени околу 64 отсто од планираните пари. 

Сепак, Сугарески најави 70 милиони евра од Светска банка за локални патишта .

Генерално слабата реализација на капиталните проекти ги загрижува економските аналитичари. На државно ниво до јули беа реализирани само нешто над 20 отсто. Во вториот квартал бруто инвестициите паднаа за над 11 отсто споредбено со истиот период лани.

Во второто тромесчје растот на БДП е 3,1 отсто а дали ќе се оствари проектираниот раст до крајот на годината ќе зависи токму од инвестициите.

„Најзначајна неповолност е движењето на податоците за Бруто инвестициите. Тие се опаднати за 11,3 отсто во однос на 2017 година. Дури и оваа многу ниска стапка на Бруто инвестициите била резултат на уште пониска споредбена основа во 2017 кога опаднале за скоро 20 проценти , во однос на 2016 година. Значи, овогодишниот резултат е многу, многу лош. Се покажува дека лошото менаџирање со Бруто инвестициите е причина за слабиот раст во последните две години, вели универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров.

Владата пак покажува децидност дека ќе успеат да ги реализираат зацртаните проекти и дека реализацијата на капиталните расходи ќе надмине 80 отсто. Сепак до јули потрошени се само 21 отсто од сите пари предвидени за овие цели а на крајот на овој месец или на почетокот на следниот ќе се знае дали ќе има ребаланс на буџетот. 



Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?