Газдите во Германија не сакаат млади работници?
Објавено во: Економија 02 Декември, 2022
Германските газди не сакаат да вработуваат млади работници. Агенција во Хамбург повеќе не вработува млади приправници. Причината - генерацијата З повеќе го цени слободното време отколку работата.
Актуелните студии покажуваат дека oваа генерација има сосема поинакви очекувања од работата. Младите родени меѓу 1995 и околу 2000 година имаат големи барања.
„Овие млади луѓе имаат ограничена способност за концентрација, издржливост и способност да воспостават контакт“, вели германски експерт.
Фризер од Хамбург повеќе не прима практиканти поради недостиг на почит и страст. И хамбуршката стартап-компанија „Нердинструстис“, се воздржува од вработување на млади луѓе. Некои млади луѓе носеле список со желби на интервју за работа. Еден од условите е да се слободни во вторник и четврток затоа што планираат да одат на јога од 17 часот. Младите вработени бараат јасна поделба на работата и слободното време.