26 Април, 2024
0.0333

Генерали Инвестментс: Невработеноста во САД се намалува, растот на платите полека успорува

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.

Невработеноста во САД се намалува, растот на платите полека успорува

Важни економски настани и новости ја одбележаа изминатата недела. Заседаваа Американската, Европскате и Англиската централна банка, сезоната за објавување на кварталните резултати на берзанските компании го достигна својот врв, а во САД беа објавени јануарските податоци од пазарот на трудот.

Податоците покажуваат дека невработеноста во најголемата светска економија падна на 3,4%, што е најниско ниво од 1969 година. Само во јануари беа отворени 517.000 нови работни места, што е многу над предвидените 185.000. За разлика од некои други економски показатели, пазарот на труд во САД останува многу силен. Ова не е нешто што берзанските инвеститори би сакале да го слушнат во време на висока инфлација – пониската невработеност и дава на централната банка повеќе простор за заострување на монетарната политика. Но, овој пат немаше претерано негативна реакција на пазарите, бидејќи од друга страна ублажи растот на просечните плати, кој со 4,4% на годишна основа е најнизок од август 2021 година. Успорувањето на растот на платите е уште еден важен показател дека инфлаторните притисоци полека се ладат.

ИТ гигантите со послаби резултати од очекуваните

Меѓу многуте објави на кварталните резултати од берзанските компании, вреди да се издвојат технолошките компании Apple, Google и Amazon, кои прикажаа резултати полоши од очекуваните. Apple дури го забележа првиот квартален пад на приходите во последните три години. Слабите бројки главно се должат на доцнењето на испораките на iPhone за време на избувнувањето на Ковид во градот Zhengzhou, каде што се произведува околу половина од светското производство на најпродаваниот производ на Apple. И покрај полошите резултати, Apple останува единствениот од американските технолошки гиганти кој засега не најавува отпуштања и намалувања на оперативните трошоци.

Пазарите го поздравија говорот на Пауел

Минатата недела, кај инвеститорите најголемо внимание привлече состанокот на американската централна банка, која ја зголеми основната каматна стапка за 0,25% на ниво меѓу 4,50% и 4,75%. На прес-конференцијата по седницата, гувернерот на ФЕД, Џером Пауел, повеќе или помалку го повтори говорот што неколкупати го слушавме – за неговата посветеност кон намалување на инфлацијата и дека американската централна банка нема намера да ги ублажи мерките додека не се скроти инфлацијата. Сепак, во неговата комуникација овој пат, за разлика од претходните сесии, можеше да се забележат малку пооптимистички тонови. Тој ги развесели пазарите главно велејќи дека гледа начин да се намали инфлацијата до целта од 2% без поголем економски пад и зголемување на невработеноста. Сè на сè, беше доволно пазарите да го протолкуваат говорот на Пауел како позитивен, а главните индекси се затворија во зелено четврта од пет недели оваа година.

ЕЦБ ги зголеми каматните стапки за половина процент

Иако Европската централна банка минатата недела, очекувано, одлучи да ја зголеми основната каматна стапка за половина процент, сепак ЕЦБ е далеку зад американскиот ФЕД. Клучната каматна стапка во еврозоната сега изнесува 2,5%, а на состанокот во март можеме да очекуваме уште едно зголемување од најмалку 0,5%. За во иднина ЕЦБ предвидува дека ќе постапува во согласност со тогашните актуелни податоци. И покрај тоа што крајните каматни стапки нема да ги достигнат нивоата од САД, веројатноста за дополнително зголемување во текот на годината се големи.

Кинеските акции растат, нафтата падна

Во последните денови, озлогласениот кинески балон над американската територија ги стави на нов тест односите меѓу водечките светски велесили, но почетокот на годината на кинеските берзи може да се карактеризира како позитивен. Индексот на менаџери за набавка (PMI) во јануари се искачи над 50 за прв пат од септември минатата година, што укажува на раст на економската активност, а главните кинески берзански индекси забележаа раст во последните недели.

Берзанските цени на нафтата во изминатата недела паднаа скоро за 8%. За барел американска сурова нафта потребно е да се платат околу 75 американски долари. Цените на нафтата во последните недели се движат меѓу 70 и 80 долари за барел. Главните фактори кои влијаат на движењата на цените беа изгледите за глобалниот економски раст, последиците од санкциите врз руската нафта и влијанието на отворањето на Кина врз глобалната потрошувачка на нафта.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Макроекономските податоци и понатаму се слаби, но последните недели покажаа знаци на благо закрепнување. Инфлацијата се стабилизира и е во надолен тренд, пазарот на трудот останува многу силен, а како резултат на тоа, централните банки покажуваат желба за заострување на монетарната политика. Очекувањата на инвеститорите за неизбежен пресврт во политиката на каматните стапки се во спротивност со реториката на централната банка и остануваат ценети на пазарните нивоа. Ваквото оптимистичко сценарио претставува ризик за пазарите. Сезоната на објавување на резултатите за последниот квартал од 2022 година со предвидувања за 2023 година е во полн ек. Досега, прогнозите за 2023 година не се толку песимистички колку што се очекуваше пред неколку недели. Подоброто расположение се враќа и на пазарите во развој. Отворањето на Кина дава надеж дека најлошото е зад нас. Со оглед на сите предизвици и очекувани промени, акциите не се евтини, но одредени сегменти на пазарот сепак нудат можности, бидејќи иднината или очекувањата на инвеститорите за тоа како треба да изгледа иднината се менуваат многу брзо. Препорачуваме да се задржи долгорочен пристап со периодични зголемувања на инвестициите, што се покажа дека дава добар одговор и најдобар резултат во услови на поголема нестабилност и привремена неизвесност. Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател за одржување и зајакнување на заштедите. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, ги нуди најдобрите решенија за сложениот коктел на актуелната политичка ситуација и економското опкружување. Тоа исто така носи одредени можности. Оние кои имаат поголема позиција во технологијата или одредени други сегменти во нивното портфолио можат да го искористат овој пораст за да ги реконструираат своите портфолија. Генерали БРИК сепак, останува многу шпекулативна инвестиција, бидејќи кинеската држава редовно и често ја менува сликата за иднината што ја предвидуваат инвеститорите, што со себе носи силни флуктуации. Обврзниците ја имаа најлошата година (2022) во последните 50 години. Не веруваме дека тоа може да се повтори во 2023 година, напротив, полека ќе почне да се гради можност за инвестирање. За трпеливите инвеститори ова се моментите за почнување на градење на позиции. Времињата се непредвидливи и ќе се појават можности. Последното отскокнување покажува дека пазарот е непредвидлив и дека се потребни постепени и методички чекори во прилагодувањето на инвестициското портфолио, бидејќи чекањето за оптимален момент води до можност за пропуштање на силни скокови. Отскокнувањето не значи дека кризата е завршена и дека не е можно ново дно. Тоа само покажува дека да се биде премногу самоуверен во една приказна и како резултат на тоа да се има неизбалансирано портфолио може да биде опасно.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина