26 Април, 2024
0.0302

Генерали Инвестментс: Повисоката инфлација најверојатно ќе трае подолго од очекувањата на јавноста

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

Економската ситуација се влошува во последните недели, а ни минатата недела не го промени овој тренд. Пандемијата на медиумите е заменета со логистички предизвици, зголемени цени на суровините и енергијата и поврзани шпекулации за инфлацијата како и шпекулации за тоа како ќе одговорат централните банки и државите. Комбинацијата на овие три главни фактори ги олади економските очекувања и оптимизмот на потрошувачите, што се гледа во пониските прогнози за последниот квартал од 2021 година и пред се, пониските очекувања за 2022 година. Најновото предупредување доаѓа од Кина. Комбинацијата на проблеми со снабдувањето со електрична енергија и повисоките цени на суровините и залихите резултираше со „само“ 4,9% раст на БДП во третиот квартал на годишна основа. Аналитичарите, исто така, значително го намалија прогнозираниот раст за целата 2021 година – според последните податоци се очекува да биде нешто под 8%. Иако бројката изгледа голема, не треба да се заборави дека ова е година кога економското закрепнување беше најсилно и следствено oчекувањата беа огромни. Успорувањето на кинеската економија ги загрижува и поголемите економии како што се САД и Европската унија, бидејќи намалувањето на побарувачката за производи и услуги од европските и американските компании дополнително ќе ги намали економските очекувања. Растот на енергетските производи и суровини или материјали донекаде забави. Во одделни сегменти видовме дури и некои намалувања, но ситуацијата е се уште тешка, бидејќи цените за гас и електрична енергија се уште се  речиси 100% повисоки од пред една година. Во исто време, пазарите оставаат впечаток дека растот на цените, иако со побавно темпо, ќе продолжи. Ова ги разгорува инфлациските очекувања и иако централните банкари продолжуваат да го прикажуваат овој скок како привремен, се повеќе аналитичари се согласуваат дека инфлацијата ќе биде (многу) повисока во 2022 година отколку во 2021 година. Бидејќи овие повисоки цени сега се прелеваат во производите и услугите, настанува проблем, со што дополнително се зголемуваат очекувањата за инфлација. Затоа, пазарите размислуваат дека централните банки ќе треба да преземат акција подоцна оваа година. Некои централни банки, како Норвешка или Полска, веќе малку ги зголемија каматните стапки, но сите погледи се вперени кон ФЕД и ЕЦБ. И ова е меч со две острици. Зголемувањето на каматните стапки и заострувањето на ликвидноста дополнително би го забавило повоеното закрепнување, што е спротивно на целите и на централните банки и на земјите. Како ќе се реши овој Гордиев јазол останува отворено прашање, но какво и да е решението, ќе ја влоши економската и пред се социјалната состојба. Притисоците врз платите и „зимата на незадоволство“ јасно ќе го означат крајот на 2021 година и почетокот на 2022 година.

Пазарите на капитал остануваат ликвидни поради продолжувањето на лабавата монетарна политика, а најмногу се преферира вложувањето во акции. Во услови на можно заострување на политиката на централната банка, обврзниците, особено оние со подолг рок на доспевање, не се најпопуларниот избор. Приносите на обврзниците со помали флуктуации остануваат највисоки оваа година. Американската 10 -годишна обврзница останува нешто под 1,6%, а германската околу -0,10. Повисоката инфлација ќе ги зголеми овие нивоа уште повеќе, така што инфлациските обврзници победуваат во овие услови.

Од друга страна, постојат берзи кои се стабилни или се вратија на рекордни вредности, бидејќи високата ликвидност ги привлекува парите назад во инвестиции во акции. Во исто време, добриот почеток на сезоната на објавување резултати, особено кај најголемите американски банки, ја врати довербата на пазарот, која претходно беше разбиена од стравот од повисоки каматни стапки. Оваа недела, сите гранки на глобалните берзански индекси се обоени зелено. Најдобриот резултат го бележат технолошките акции, што значи ИТ индустријата и широката потрошувачка поради повисоките инфлациски очекувања, како и материјалите и енергијата и финансиската индустрија. Како резултат на тоа, здравствената индустрија и потрошувачката заостануваат. Поради побрзиот раст на цените на влезните суровини од растот на цените на готовите производи во индустријата за храна и пијалоци, маржата продолжува да опаѓа. Здравството, како одбранбена индустрија, не е најпопуларна во такви околностиа средина, а изгледите за реформа на здравството во САД продолжуваат да ги туркаат акциите од индустријата во област со негативно чувство област со негативен сентимент. Покрај веќе споменатите макроекономски случувања, клучен фактор за краткорочно движење на берзата ќе бидат и резултатите на најголемите компании, кои ќе се објават во следните две до три недели. Но, инвеститорите ќе бидат заинтересирани повеќе за проценките и предвидувањата за последниот квартал и првата половина на 2022 година, отколку за резултатите за третиот квартал, кои се оптимистички. Како што гледаме, копманиите од автомобилскиот сектор побрзаа да објават дека има проблем во логистичките синџири, производството е запрено, а продажбата намалена, но маржите скокнаа, така што профитот не е загрозен. Инвеститорите сакаат да забележат раст на бизнисот покрај профитот, па затоа е тешко акциите да растат во такво опкружување, но од друга страна исто така е тешко и да се намалат. Затоа, ако нема изненадување од централните банки, можеме да очекуваме релативно стабилно одржување на нивото во следните неколку недели.

Совети за инвеститорите:

Насоката на пазарите е диктирана од очекувањата за нивото на каматните стапки и ликвидноста обезбедена од централните банки. Обврзниците се скапи, бидејќи приносите приспособени за инфлациските очекувања се мизерни, главно негативни, и заедно со негативните банкарски приноси, инвеститорите продолжуваат да бидат принудени главно на инвестиции во акции и недвижен имот. Диверзификацијата на портфолиото останува приоритет и препорачливо е портфолиото да се подели на различни класи, меѓу акции, обврзници или пари.Очекувањата за инфлација остануваат високи и повисоката инфлација најверојатно ќе трае подолго од очекувањата на јавноста. Технологијата, е-трговијата и акциите на компании за работа од дома се сегменти со натпросечен раст на бизнисот базиран на долгорочни трендови, така што тие остануваат атрактивни, но пониските прогнози со најновите резултати во комбинација со високите вредности ги намалија очекувањата за раст. Инфлацијата останува нивниот главен непријател. Со високите вредности, геополитичките тензии и неизвесните идни политики на централната банка, инвеститорите стануваат повнимателни. Несигурноста во технолошкиот сектор и азиските пазари се воспостависо мешање на кинеските власти во економијата и самата структура и правила на пазарот.

Инвестициите надвор од технолошкиот сектор остануваат атрактивни поради пониските вредности и различната динамика на развој на индустријата. Во последните недели, секторите енергетика, снабдување и финансии дојдоа до израз, како заштита од инфлација и се разбира, поради силниот раст на цените на енергијата, што се рефлектира и во нивните биланси. Пониските вредности во здравствената индустрија минатата недела поради обновениот обид за реформа на здравствениот систем во САД ја направија помалку привлечна. Меѓу регионите, Европа се издвојува по атрактивност, на САД им треба поголема претпазливост поради големата тежина на ИТ компаниите, а Кина и нејзините пазари во развој остануваат ризични поради неодамнешните настани и со тоа помалку привлечни за пократкорочни инвеститори. Тешко е да се предвидат деловните активности. За трпеливите долгорочни инвеститори, се појавуваат одредени можности за инвестирање поради поволните вреднувања. За мал дел од портфолиото, добрите приноси од дивиденда и привлечните вреднувања ја одржуваат атрактивноста на нашиот регион во Централна и Југоисточна Европа.

Инвеститорите со долгорочни цели за штедење треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголем износ, истиот треба да го распоредат во подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работа од дома, почистата енергија, водењето бизнис во согласност со општествените и нормите на животната средина и почитувањето на таканаречените препораки за ЕСГ се долгорочни трендови и фокусирањето на долгорочните трендови историски е важна компонента во постигнување на натпросечни приноси.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра