26 Април, 2024
0.0338

Генералниот владин секретар денеска на состанок со странските инвеститори

Објавено во: Економија 27 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Мила Царовска, вицепремиерот за економски прашања, денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека владиниот генерален секретар Драги Рашковски денеска одржува состанок со странските инвеститори на кој треба да се разгледа нивното барање за финансиска помош во кризниот период.

Големите извозни компании бараат Владата да обезбеди директна финансиска поддршка и да им додели неповратна помош односно грантови. Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство веќе испрати писмо до Владата и надлежните ресори. Освен паричната помош, бараат и мораториум за обврските кои ги имаат кон државата, но и усогласување на царинските стапки. Тие ги поддржуваат владините мерки за помош на погодени компании, но тврдат дека се потребни и други.

- Денеска има состанок на генералниот секретар со Советот на странските инвеститори, се со цел да се разгледаат не само можностите за продолжување на постоечките мерки, туку повеќе да размислуваме развојно кое што ние можеме да го понудиме за да привлечеме повеќе од нив и да им дадеме можност да се развиваат нови операции во нашата држава, рече Царовска пред медиумите.

Уредбите за третиот сет економски мерки веќе се поминати на владина седница, рече Царовска, а во текот на неделата треба да бидат објавувани од надлежните министерства.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката