07 Мај, 2024
0.0249

Герасимовски: Голем успех е што се направи електронски попис, но жално е што имаше мал одзив од Австралија и Канада

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски вели дека за државата е голем успех тоа што направи електронски попис, но жално е што иселените во Австралија, Канада, Нов Зеланд, па и балканските земји не се одзваа во поголем број. 

Смета дека реално бројката на македонски државјани во странство е поголема, од попишаните, но ова е база која на државата и дава увид колкав број на население има и во кои земји. Герасимовски вели дека и во иднина треба да се практикува електронскиот попис, со цел да се следи движењето на населението. Додава дека пописот е многу важен за земја како нашата која се стреми да биде дел од ЕУ. 

„Секако ова е голем успех за државата, иако бројката на наши граѓани во странство е поголема. Дел можеби не биле информирани или од некои други фактори не се попишале. Ова што се направи е еден благодет за државата. Пописот покажа дека насекаде не има. Најголем дел од попишаните се во Германија и Швајцарија. Во некои држави има по 1, 2,3, но во некои земји и по 50 и многу повеќе наши државјани. Жално е што во Австралија бројката на попишани е мала, исто и Канада, Нов Зеланд, но и земјите во регионот, Србија, БиХ, Црна Гора. Во САД добро е што бројот на попишани се зголеми, затоа што има и таму се заминати многу луѓе од Македонија. Сметам дека и во Јужноафриканската република имаме поголем број на граѓани од попишаните. Овој процес треба да продолжи и понатаму“, вели Герасимовски. 

Социологот Татјана Филиповска објаснува дека луѓето се селат од економски и политички причини, но сега современата технологија им помага да истражуваат, и да најдат работа било каде. 

„Поради технологијата, сега е полесно, и не е само Западна Европа, туку заминуваат било каде во светот. Тоа е лошо за нас, остануваме без млади, а по две - три генерации ако останат во странство  се асимилираат“, рече Филиповска. 

Во Австралија се попишале 3.171, во Канада 1.874,  а во  Нов Зеланд само 196. 

Во Австрија се попишале 11.758, во  Белгија 4.845, во Германија 46.590, во Данска 4.317, во Италија,  28.476, во Турција 2.388, во Швајцарија 65.064 луѓе. 

Електронскиот попис, покажа дека во секоја земја во Африка живее барем еден Македонец.

Над 200 македонски државјани живеат во Африка.  По држави, во Мали  има 43, во Египет – 23, во Гана – 16, во Судан – 15, во Танзанија – 6, во Нигер – 2. Двајца Македонци живеат во Либиска Арапска Џамахирија, тројца во Јужен Судан, шестмина во Танзанија, двајца во Нигер, 16 во Палестина. Македонци има и во Северна Кореја и тоа 14. 

Има 5 во Чиле, 1 на Шри Ланка, 1 на Филипини, 4 во Тајван, 3 на Сејшелите. 

Целиот список можете да го видите тука. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот