26 Април, 2024
0.0287

ГЕРМАНЦИТЕ БАРААТ МИЛИОН РАБОТНИЦИ: Зошто Балканците се најпоскаувани од работодавците?

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Во Германија од 1 јануари на сила би требало да стапи сет измени на работното законодавство со кое оваа држава дополнително ќе ги отвори вратите за доселеници.

Во овој момент, на најсилната европска држава и недостасуваат 1,2 милиони работници. Бизнис заедницата ан Германија е незадоволна и ја обвинува бирократијата за загуба од дури 30 милијарди ерва, бидејќи не се пополнети празните места.

Канцеларката Ангела Меркел договорила со коалиционите партнери од 1 јануари да се поедностави процесот на вработување странци.

Предвидено е личноста да може на шест месеци да дојде во Германија на свој трошок и да бара работа.

Ако личноста има договор со работодавец во Германија, ќе добие работна и виза за престој, но во германскиот конзулат на државата од која доаѓа.

Досега ваквиот вид на ангажман бил можен само ако работодавецот докаже дека на германскиот пазар нема работници за работата за која е ангажиран странец. Сега таа одредба се брише, пренесоа српските медиуми.

Според истражувањето на владин и невладин сектор, работниците од екс Југославија посебно се барани. Ги почитуваат како вредни и одговорни.

Германската влада уште во 2015та година донесе одредби со кои важно е либерализиран пазарот на труд , а на граѓаните од западнобалканските држави им е дадена шанса да му пристапат.

Според податоците на германското министерство за труд, Уредбата за Западен Балкан, како се нарекува законски акт, само во 2016 и 2017 во Германија донел 117.123 лица од БиХ и Србија.

Трендовите во оваа година покажуваат зголемен број на оние од Балканот кои добиле работа во Германија.

Германците не само што го освежиле пазарот на труд туку и драстично го намалиле бројт на апликации за статус на азилант од овие подрачја. Од 120 000 потенцијални азиланти во 2015, тоој број на крајот на 2017 е сведен на едвај 10 000.

Работа има за секој вреден.

Така барем може да се забележи и на социјалните групи каде постојано се пуштаат огласи за вработување. Се бараат секакви профили работници, а најчесто градежни, молери, бравари, водоинсталатери, но и медицински сестри, негуватели, чистачи, готвачи.


FOTO: EPA


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката