Германија ќе врати на Балканот илјадници бегалци во наредните месеци
Објавено во: Балкан 28 Октомври, 2015 16:44
„Германија ќе врати на Балканот илјадници бегалци со одбиени барања за добивање азил“, предупреди германскиот министер за надворешни работи, Томас де Мезиер, откако Берлин ја заостри својата позиција кон економските имигранти покрај рекордниот прилив.
Според зборовите на министерот во наредните недели бројот на вратени бегалци и депортациите ќе порасне значително.
„Федералната служба за миграција и бегалци е задолжена да разгледа многу барања за азил пред Божиќ“, изјавил министерот, додавајќи дека „десетици илјади“ отфрлени кандидатури ќе мора да ја напуштат Германија.
Де Мезиер додал дека во наредните денови ќе патува до Албанија. Германските власти досега протераа 11 000 лица, а други 27 000 доброволно ја напуштиле земјата со финансиска помош, изјавил министерот.
Германија очекува да пречека еден милион лица кои бараат азил оваа година. Многу од оние кои пристигнале до моментот се од воено разурнати земји како Сирија и Ирак, но значителен број доаѓаат од безконфликтните земји на Балканот. Овој месец Берлин ги додаде Албанија, Косово и Црна Гора кон „листата со сигурни земји“, што ги лишува од правото на азил.
Според официјалните податоци Германија добила 577 307 молби за побарување на азил од јануари до септември. Од нив 66 311 биле албански државјани, а други 32 258 се Косовари.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




