Германија повика да се запре привремено евроинтеграцијата
Објавено во: Свет 28 Ноември, 2016
Интеграцијата на европските држави во рамките на Европската унија треба да биде привремено прекината.
ЕУ треба да направи пауза и да размисли за понатамошните патишта за развој, засновани на нови принципи, изјави сојузниот претседател на Германија, Јоаким Гаук во интервју во весникот „Велт ам Зонтаг“.
„Создавајќи ја ЕУ, развивме неверојатен концепт за која претходните генерации можеа само да сонуваат. Но, на патот кон поголемо обединување бевме малку запрени и не сите граѓани можеа или сакаа да ни следат "- нагласува Гаук.
Гаук истакнува дека за многумина не е лесно да живеат во денешна обединета Европа и во услови на светска глобализација.
„Не секој се чувствува граѓанин на светот. На луѓето им треба дом, татковина, тие сакаат да чувствуваат припадност кон нешто“ - констатира Гаук.
Според Гаук, главната задача сега е населението да биде убедено дека единствена Европа цврсто стои зад вредностите на слободата, демократијата, мирот и владеењето на правото.