19 Мај, 2024
0.0267

Германија се закани - Ако се врати смртната казна Турција не може во ЕУ

Објавено во: Свет 31 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Германската влада јасно посочи дека не е прифатливо за земја кандидат за членство во Европската Унија да ја враќа смртната казна и доколку тоа се реализира тогаш преговорите за членство ќе бидат веднаш прекинати, посочи портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт.

- Нашата позиција по тоа прашање е јасна: земја која применува смртна казна не може да биде членка на ЕУ и тоа би значело крај на преговорите, истакна Зајберт.

Прашањето за повторно воведување на смртна казна во Турција е покренато по неуспешниот обид за воен преврат во јули оваа година. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повеќе пати напоменуваше дека предлог-законот за смртна казна може да биде ставен на разгледување од Парламентот, но не нагласи кога може тоа да се случи.

- Властите во Германија уште еднаш изразија загриженост во врска со мерките против новинари во Турција, изјави германскиот портпарол, коментирајќи го апсењето на главниот уредник на весникот „Џумхуриет“ Мурат Сабунџу.

Тој додаде дека „слободата на медиумите за Германија претставува главен услов за секоја демократска држава“.


Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години