ГЕРМАНИЈА: Уапсен Сириец, барал 180.000 евра од ИСИС да купи камион за напад
Објавено во: Свет 02 Јануари, 2017
Во Германија е уапсен Сириец за кој се сомнева дека од ИСИС барал 180.000 евра за да купи камион за еден или повеќе напади.
Сириецот на возраст од 38 години во саботата е уапсен на граница со Франција, а во Германија дошол во 2014 година како азилант.
Тој минатиот месец бил во контакт со некој од Сирија, и барал пари за финансирање тероризам.
Сакал со 180.000 евра да купи камион, да го наполни со експлозив и да изврши напади.
На финансиерот кажал дека возилото чини 22.500 евра, а може да собере од 400 до 500 килограми експлозив.