Реакции по изборот: Победата на Фон Дер Лајен е „неславна“
Објавено во: Свет 17 Јули, 2019
Медиумите во
Европа со различни реакции за изборот на Урсула Фон Дер Лајен за претседател на
Европската Комисија.
„Номинацијата на Урсула Фон Дер Лајен за претседател на Европската комисија беше одобрена од Европскиот парламент, иако со мало мнозинство“,пишува францускиот весник Фигаро.
„За германската министерка за одбрана, овој избор е резултат на нејзината работа, залогот најпосле се покажал дека е успешен“, пишува БТА. Исто така тие пишуваат дека е голема веројатноста нејзината проевропска ориентираност и донела плус позитивен глас за неа, гласови кои иако во тесно мнозинство сепак и го обезбедија местото претседател на Европската Комисија.
Францускиот Либерасион пишува пак дека победата и била неславна.
Како и да е Фон Дер Мајен е првата жена избрана за претседател на ЕК, со 383 гласа За, од неопходните 374 гласа, таа е избрана со многу помалку гласови за претседател за разлика од 2014 кога со 422 гласа беше избран Жан Клод Јункер.