10 Мај, 2024
0.0295

ГЕРМАНСКИТЕ ГАЗДИ ГИ „КРАДАТ“ РАБОТНИЦИТЕ НА ПЛАТА: Штом се олабави контролата, драстично се зголемува бројот на измами, овие работници поминуваат најлошо

Објавено во: Финансии, Свет 09 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Минималната саатница е јасно регулирана во Германија. Царинските службеници лани контролирале помалку работодавци отколку во 2022 година, но бројот на прекршителите на законот не се намалува.

Според Министерството, минатата година се зголемил бројот на истраги за прекршување на законот за минимална саатница - иако биле контролирани помалку фирми од претходната година.

Во 2023 година, Царинската финансиска контрола на незаконско работење покренала 7.249 истраги поради прекршување на законот за исплата на минимална саатница, се вели во одговорот на Министерството за финансии на барањето на претставникот Виктор Перли. Во 2022 година се изброени 5.898 процедури.

- Има значително повеќе измами со минимална плата - рече Перли.

Повеќе контроли отколку покачување на минималната саатница

Откако минималната саатница беше зголемена на 12 евра на 1 октомври 2022 година, истрагите „значително се зголемија“, рече тој. Меѓу другото, потребни се построги правила за евидентирање на работното време за лесно да се докаже измамата, истакнува Перли. Покрај тоа, тој повика на зголемена контрола врз финансискиот надзор на незаконското работење.

Бројот на непријавени случаи е многу поголем

Бројот на непријавени случаи е значително поголем, јавуваат германските медиуми.

Во 2022 година имало 53.182 проверки. Секторите со најмногу контроли беа градежништвото, угостителството, хотелиерството и дејностите кои вклучуваат превоз и транспорт.

Според бројките, приближно една од шест инспекции довела до покренување постапка против работодавачите.

Зголемена саатнина

Од почетокот на годинава законски пропишаната минимална плата изнесува 12,41 евро бруто на час. Според податоците на Министерството, царината лани проверила дали 42.631 работодавач исплатил минимален час.


Можеби ќе ве интересира

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди