Героски му возврати на Заев: „Секое грне си наоѓа капаче“
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2019
Му порачувам на премиерот Заев да не ме забавува со комични препораки каде и што треба да сум пријавел. Си има тој свои соработници и блиски луѓе што може да си ги подучува и на кои може да им наредува. На мене - не! - му порачува новинарот Бранко Героски на премиерот по денешната прес конференција на која Заев му рече да ги пријави сите сознанија кои ги има во истражните органи.
-Јас сум слободен новинар, самиот одлучувам што пишувам, кому се обраќам и со кого би сакал да разговарам. За да ја задржам својата слобода, си дадов оставка во „Слободен печат”. Два пати оставка не можам да ви дадам…-потенцира Героски одговарајќи на кажаното од премиерот.
„Не смееме да правиме масакр врз никого. Героски јавно побара средба. Има истражни органи, но тој треба да оди таму и да пријави. Ред е да оди да пријави. Нема што кај Заев. Јас пијам кафе со секој, но на оваа тема нема што со мене да се разговара, туку во институциите“, кажа Заев.