Гевгелија и Тетово екстремно загадени
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2021
Гевгелија и Тетово денеска се екстремно загадени, покажуваат мерните станици за квалитетот на воздухот.
И во делови од Скопје, воздухот е многу високо загаден. Гостивар, Велес, Куманово, Кавадарци и Кочани се со високо загаден воздух. Кичево и Битола се со ниско, а Струмица со многу ниско загаден воздух.
И оваа зима дишеме отровен воздух, но овој проблем е во сенка поради пандемијата.