Добивај вести на Viber
Силни врнежи од дожд ја зафатија цела Македонија во последните 24 часа, а најмногу дожд наврна во Гевгелија - дури 101 литар на метар квадратен.
Во Скопје се измерени 60 литри на квадратен метар, покажаа податоците на Управата за хидро-метеоролошки работи. Најмалку дожд наврнал во Берово - три литри на метар квадратен, и во Охрид - пет литри.
Во жолт метео-аларм заради дождови и грмотевици денеска се наоѓаат уште северозападниот и југоисточниот дел од земјата. Метеоролозите очекуваат интензитетот на врнежите постепено да се намалува и кон крајот на денот тие сосема да престанат.
Дневните температури и денеска ќе се движат околу 25 степени Целзиусови. Благ пораст на температурите се очекува во следните неколку дена, но променливото време ќе се задржи до крајот на неделава.