26 Април, 2024
0.0311

Г.г. Стефан: Дури и за црковните работи кога расправаме најпрвин го гледаме личниот, партискиот, а не заедничкиот интерес

Објавено во: Македонија 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

На одбележувањето на празникот посветен на пресвета Богородица што се прославува на првиот петок по Велигден   г.г. Стефан Пред присутните во црквата „Света Богородица“ во Тетово порача да размислуваме за христијанските придобивки и со нашиот живот и нашите дела да потврдуваме дека воскресението живее и во нашите души и оти сме народ на верата и на Бога.

- И ние самите, но и другите забележале дека сме добродушен, кроток и гостопримлив народ. За други сме подготвени да дадеме се што имаме и лебот од устата што вели народот да го поделиме со други. Од кај нас во Македонија гладен и жеден никој не си отишол. За други сме подготвени да дадеме и она што за себе малку имаме. Тоа веројатно е најмногу поради христијанското во нас, поради евангелското во душата на македонскиот човек. Но, има и нешто за кое треба да се прашуваме зошто е така, бидејќи сосема сме други кога се во прашање меѓусебните, македонски односи и работи, рече г.г. Стефан.

Ништо меѓу нас или многу тешко, посочи, ги договараме и решаваме работите, па дури и оние што се од национален и државен интерес.

- Дури и за духовните, црковните работи кога расправаме најпрвин го гледаме личниот, партискиот, а не заедничкиот интерес, го гледаме личното и сегашното убедување, а не она што е вековно присутно и меѓу нашиот народ и меѓу поголемиот број цивилизирани народи. На Македонија ако и го одземеме или непризнаеме христијанското што ќе остане од неа. Ако имаме нешто со што може да се гордееме, тоа е нашето духовно, христијанско наследство и затоа ќе прашам зошто некои се противат на задолжителното воведување на веронауката и на можноста младите генерации да ја знаат верата на нашите постари, да знаат што е ова што е создавано на христијански основи во Македонија, рече г.г. Стефан.

Во рамки на одбележувањето на празникот верниците се поклонуваа пред иконата на пресвета Богородица и според традицијата оставаа црвено велигденско јајце. Согласно црковните обичаи, во дворот од црквата митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф ја освети водата од која земаа верниците за здравје.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“