Ги запираат автобусите на дизел - стоп за загадувањето
Објавено во: Свет 01 Декември, 2016
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан ќе ги прекине налозите на двокатни автобуси кои користат дизел, по 2018 година.
Ова е дел од неговата програма за справување со загадениот воздух во британската престолнина, пренесува Bloomberg.
Од општината изјавија уште и дека сите стандардни автобуси кои ќе бидат купени, нема да емитуваат штетни гасови. Градоначалникот го покажа првиот во светот двокатен автобус кој се движи со хидрогено гориво, произведен од Wrightbus, и рече дека овие модели ќе влезат во употреба од следната година.
Хан работи со претставници на други градови од целиот свет, за да се стимулира користењето на возила со нулта емисија. Градоначалникот на британската престолнина, додаде дека справувањето со проблемот со загадениот воздух во градот ќе биде приоритет за време на неговиот мандат.
Единаесет други градови, меѓу кои Њујорк, Амстердам и Кејп Таун, се обврзаа да престанат да купуваат дизел автобуси до 2020 година, а Париз, Мадрид и Мексико Сити ќе треба да ја запрат нивната употреба до 2025 година.